Ковачевски-Лајчак: Мирот и стабилноста во регионот се клучни за побрзи евроинтегративни процеси

– Неопходноста од забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со приоритет на Северна Македонија беше тема на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
На средбата, како што соопшти Владата, присустувал и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Лајчак уште еднаш ја потенцирал силната поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и ја оценил нашата земја како доверлив партнер на Унијата.
Соговорниците заклучиле дека од клучна важност е унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, што пак придонесува за безбедноста и стабилноста на регионот.

Back to top button
Close