Ковачевски: Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог

Фејсбук статус на Димитар Ковачевски, премиер.

Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог.

Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги.

Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени.

Back to top button
Close