“Ковачевски ми честиташе на телефон, a не на фејсбук” кажа Силјановска и додаде дека си муабетеле.
Му благодарам за довербата што ми ја даде Христијан Мицкоски кого го запознав во 2019 година – изјсви прртдедателката Силјановска во текот на инаугуративниот говор. Рече дека Мицкоски претходно не го познавала со што ги отфрли шпекулациите во јавноста дека наводно му е тетка.
Силјановска упати благодарност и до Димитар Ковачевски кој од собраниската клупа го следеше нејзиниот говор. Таа кажа дека тој ја побарал на телефон да и честита, а не на фејсбук како што потенцираше, и си направиле и муабет.