Ковачевски: Мицкоски се однесува како дете кое место да учи бара Плејстејшн

Предвремени избори нема да има туку ќе се одржат во редовниот термин идната година, рече премиерот Димитар Ковачевски откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно побара избори во мај или јуни без техничка Влада.

Тој го спореди постојаното барање на Мицкоски за организирање на предвремени избори со однесувањето на неговиот внук, Никола.

-Имам јас еден внук Никола и цело време му викам „земи работи, фати книга за да напредуваш, тој ми вика купи ми Плејстејшн“. Што и да му кажеш, тој цело време Плејстејшн, Плејстејшн. Ова ме потсетува на однесувањето на лидерот на опозицијата, кој што наместо да се фати работи, сака да му се земе Плејстејшн. Сметам дека и тие треба да се посветат на работа во општините, наместо единствено да повторуваат предвремени избори. Предвремени нема да има, туку редовни, за кои кажав каков ќе биде резултатот, кажа Ковачевски како одговор на новинарско прашање во Влада

Back to top button
Close