Ковачевски: Мицкоски секое утро прво проверува на телефонот што кажал Апасиев

 

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски смета дека е изводливо до 2030 година земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Тој од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ од Велес кажа дека политичките фактори треба да го разберат значењето и да се здружат силите за целосно да се изоди европскиот пат.

-Можеме да ставиме крај на хипотеките наметнати од минатото, од политичари кои личниот интерес им бил пред судбината и иднината на граѓаните и да зачекориме храбро кон европската иднина, кажа Ковачевски.

Претседателот на СДСМ кажа дека на нашиот европски пат има сериозна закана.

-Најзабележителен и најопасен во моментов е Димитар Апасиев.Тој е агент на хаосот. Тој верува дека колку повеќе е лошо за земјата – толку е подобро за него. Неговата цел е да запали оган за луѓето да се стоплат и да заборават дека горат нивните чевли. Еве каде многу луѓе грешат, и тука е токму опасноста. Економската криза и фрустрацијата ги очајуваат луѓето и ги тера да размислуваат да му дадат шанса. Во руралните средини, меѓу младите, дури и меѓу средната класа кои се борат под кризата на трошоците за живот. Не се лажете – тој станува посилен, додаде Ковачевски.

Според него, причината што Апасиев е посилен е дека Мицкоски е послаб.

-Мицкоски секое утро кога отвора очи прво што прави – проверува во телефонот што кажал претходната вечер Апасиев, па водејќи се од тоа во Белата палата под судска заплена, дава наредби каква ќе биде нивната комуникација тој ден. Да не е случајно ВМРО-ДПМНЕ помалку екстремна од Левица за да не им пребега некој член во партијата на Апасиев. Затоа Мицкоски еден ден вика дека ја поддржува ЕУ, а веќе следниот ден во Собранието ја блокира сета законска регулатива што се однесува на Европската Унија. Човек без визија заедно со пироман со визија за хаос. Додадете го во мешавината Груевски, кој под неговото 11-годишно владеење, земјата беше блокирана во Европа – и тука е совршената бура. Резулатот од тоа може да биде закочена интеграцијата во ЕУ, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close