Ковачевски: Мојсовски секако нема да биде директор на АМС по 8 мај, без разлика дали јас ќе бидам премиер или не

Обвинителството треба да работи согласно закон и независно за да може секој поединец во државата да има фер процес во кој ќе може врз основа на факти да го докаже она што се случило.

Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски прашан за коментар во врска со поднесениот обвинителен предлог против 12 лица кои се сомничат за злоупотреби со распределбата на т.н. спортски ваучери, а со кој се опфатени и актуелниот поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, односно Дарко Каевски, и двајцата членови и кадри на Социјалдемократскиот сојуз.

Тој рече оти нема што повеќе да додаде затоа што партија не води судски случаи, туку тоа е во надлежност на Обвинителството.

Прашан дали во меѓувреме ќе бара одговорност од Мојсовски и Каевски во рамките на партијата, лидерот на СДСМ одговори:

„Гледајте, едниот веќе не е директор (Каевски), вториот (Мојсовски) после 8 мај секако нема да биде директор било дали сум јас премиер или не, со оглед на тоа дека сигурно доколку граѓаните се определат да дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на ‘Коалицијата за европска иднина’ да формира влада, тогаш ќе имаме многу нови кадри коишто ќе управуваат со институциите“рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по денешната средба со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

За потсетување, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во вторникот информира дека е поднесен обвинителен предлог против 12 лица поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Поднесено обвинение за распределбата на спортските ваучери, за 12 лица се бараат мерки на претпазливост

Обвинителниот предлог, како што информираа од Обвинителството, е поднесен по иницијатива на Државната комисија за спречување на корупацијата (ДКСК), чиј претходен состав во февруари лани соопшти дека постојат соменвања оти директорот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.

„Не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер-системот, постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови, согласно интересот на поединци и групи, можеби и политички партии и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти кои не добиле соодветни средства, иако тоа право законски им припаѓало“,рекоа тогаш од Антикорупциска

Back to top button
Close