Ковачевски: Модернизацијата на Коридорот 10-Д отворени можности за развој на стопанството и поврзување со Грција


Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза. Делницата на Плетвар, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над 4 милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Република Грција, кај граничниот премин Меџитлија. Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во целиот Пелагониски регион, изјави премиерот Димитар Ковачевски кој денеска со министерот за транспорт и врски Благој Боџварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми беше на увид на завршните работи на рехабилитацијата на делницата на превојот Плетвар.

Активно се градат автопати во должина од 59 километри и се подготвува изградба на автопати во должина од преку 130 километри (за Коридор 10-Д и Коридор 8) и Скопје Блаце, фаза 2. Во овој момент активно тече изградбата на: автопатот Кичево – Охрид, во должина од 57 километри и во вредност од 598 милиони евра, со прогрес на реализација од преку 72 процента. Се гради автопатот Скопје – Блаце во прва фаза, инаку во вкупна должина од 12 километри. Во рамките на Коридор 10-Д и Коридор 8 течат активности за: изградба на автопатот Гостивар – Кичево; на автопатот Тетово – Гостивар; на автопатот Требениште – Струга – Ќафасан; на автопатот Прилеп – Битола.

– Изградени се експресни патишта во должина над 55 километри, со инвестиција од 84 милиони евра. А се градат експресни патишта во должина над 63 километри со инвестиција од 139 милиони евра. Mора и за сите да е јасно дека поврзувањето, дома и кон регионот, ги отвора патиштата за поврзување со Европа и со светот, како инфраструктурно, така и за развојот на економијата, рече Ковачевски.

Според министертот за транспорт и врски Благој Бочварски од огромно значење е изградбата на патните правци од коридорот 10 и сите работи требата да завршаат наредната и 2024 година.

-Рехабилитацијата на превојот Плетвар е во завршна фаза и очекувам до крај на овој месец да биде комплетно завршен. Силно се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион за брз, безбеден и поквалитетен сообраќај. Би сакал да најавам дека во Министерството заедно со ЈП за државни патишта работиме и на проектот за проширување на Плетвар на места каде што има само две ленти, да се прошири со уште една трета лента и понатаму на изградба на нов експрсен пат од мостот кај Ленишка Река до влезот во Прилеп. Она што е уште поважно, децениската потреба на жителите од Пелагонијата, изградбата на автопат од Прилеп до Битола е приоритетен и тој проект е се поблиску до реализација, рече Бочварски.

Очекува, вели, веќе наредната година, по завршување со преговорите со компанијата изведувач, да започнат со проектирање и изградба и на оваа автопатска делница. Овој дел од Коридрот 10-Д ќе биде заокружен со изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија со границата на Грција.

Диекторот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми нагласи дека делницата на превојот Плетвар ќе биде побезбедна за сообраќај во претстојната зима. Патот Прилеп-Градско е еден од најфрекфентните, дневно се движат околу 5000 возила, а 18 отсто се тешки товарни возила и се поврзуваат два земјоделско-индустриски региона Пелагонискиот и Вардарскиот.

-Граѓаните кои гравитираат кон Прилеп и Битола, многу добро знаат дека овие 20-тина километри се најтешките за возење посебно во период каков што доаѓа, а тоа е зимата. Затоа преземавме градежни активности со цел полесно, побезбедно и посигурно патување и отпочнавме со рехабилитација на делницата Фариш-Прилеп во должина од 19 км за што издвоивме средства со помош на ЕБОР во висина од 4.07 милиони евра. Работите се пред самиот финиш, рече Рустеми при денешниот увид на работите на превојот Плетвар

Back to top button
Close