Ковачевски му честиташе на Макрон: Ова е победа за Франција и за ЕУ


Победата на Макрон ја честиташе и претседателот Стево Пендаровски велејќи дека овој успех доаѓа во време на суштински предизвици каде што е важен проевропскиот избор

Премиерот Димитар Ковачевски ја честиташе изборната победата на Емануел Макрон на вчерашните претседателски избори во Франција, порачувајќи дека ова е победа за Франција и за ЕУ.

„Честитки за реизборот за претседател. Ова е победа за Франција и за ЕУ. Претстојат многу предизвици и со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес и на Франција и на Северна Македонија. Во интерес на иднината на Европа“,напиша Ковачевски во честитката на Твитер.


Вчера победата на Макрон ја честиташе и претседателот Стево Пендаровски велејќи дека овој успех доаѓа во време на суштински предизвици каде што е важен проевропскиот избор.

Back to top button
Close