Ковачевски на Колумбија Универзитет: Мојата земја редок пример што со моќта на преговорите ги решава билатералните прашања

Мојата земја е редок пример на Балканот каде што насилството, војните и економските притисоци и правилото дека победува посилниот не беше случај, рече премиерот Димитар Ковачевски на предавањето на Колумбија Универзитет.

Тој во своето излагање нагласи дека Северна Македонија својата независност ја стекна по мирен пат, преку изнаоѓање решенија низ дипломатски напори.

– Ако сакате да најдете место во светот каде се користат дипломатски напори тогаш тоа е Северна Македонија. Сите договори кои ги направивме во државата и со соседите се фунционални и одржливи. Тоа и даде можност на земјата да напредува во постигнувањето на своите стратешки цели, рече премиерот.

Тој нагласи дека во период од 30 години развивме демократски модел што е многу познат со функционална мултиетничка демократија.

-Имаме ценет систем на Бадентеровиот принцип на двојното мнозинство. Таквата политика и механизми реално функционираат зашто се втемелени во севкупната национална политика. Значаен аспект во развивањето на овој систем е потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кој е успешен концепт на решавање на идентитетските судири, посочи премиерот Ковачевски.

Ковачевски се осврна и на договорите со Грција и Бугарија и нагласи дека ние сме пример во регионот, но и пошироко како „меката” дипломатија и како со моќта на преговорите можеме да ги решиме билатералните, но и прашањата поврзани со идентитетот.

– Со Грција успеавме да најдеме решение за прашањето за името на државата уставното име, истовремено зачувувајќи го идентитетот и јазикот на граѓаните. Ова ни даде можност да станеме полноправна членка на НАТО, а колку е важно а се биде членка на НАТО собено во југоисточниот дел. Вториот договор со Бугарија всушност повторно беше многу емотивен, зашто обично ги делам преговорите на два големи вида, емотивни и неемотивни. Во грчките преговори не бев директно вклучен, но грчката страна преговараше на малку порационално ниво, а ние на малку поемотивно ниво, но со Бугарија, двете страни имаа емотивен пристап кон преговорите и беше потешко да се најде решение. Со помош на Европа, Франција и Германија, земји кои секогаш биле дел од олеснувањето на овие процеси успеавме да го најдеме вистинското решение за иднината, рече Ковачевски.

Во врска со војната во Украина, рече дека ја сметаат како закана за деморкатскиот свет, односно, како што рече, „таа е класичен пример за решавање на судир на идентитети, но не со мирни средства, туку со насилство и војна”.

Back to top button
Close