Ковачевски на отворањето на штабот во Битола: Претстојните избори се клучни за иднината на државата

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола, при што порача дека на граѓаните им е потребен европски стандард и европски вредности. Според Ковачевски, претстојните избори се клучни за иднината на државата и од нив зависи дали ќе останеме на патот кој води кон просперитетна, развиена и европска држава.

-Влеговме во НАТО и започнавме преговори со ЕУ после 17 години чекање. Но, бидете сигурни дека нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја. Затоа на државата и на граѓаните им е е потребна Европската Унија! На сите нам ни е потребна Европската Унија, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја.

-Овие избори се клучни за иднината на нашата држава и на нашите деца и внуци. И овој пат тоа е навистина така. Од овие избори зависи дали ќе останеме вистинскиот пат кој води кон просперитетна, развиена и европска Македонија или ќе дозволиме Мицкоски и ДПМНЕ да нè заглават во калта на безнадежноста и безизлезноста. Затоа, тука од Битола, ве повикувам на претстојните избори да ги поддржите СДСМ и Стево Пендаровски. Стево Пендаровски е победничкиот кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, додаде Ковачевски.

Тој посочи дека визија на СДСМ за иднината е реална и остварлива. Како што рече, наскоро ќе ја презентираат нивната изборна програма која содржи реални и остварливи мерки.

Back to top button
Close