Ковачевски: На секој што извршувал функција му следува апанажа за да има време својата кариера да ја насочи кон нешто друго

Доколку некој извршувал општествена функција или било која друга функција треба да му следува апанажа, со цел да може да искористи одреден временски период и својата кариера да може ја насочи кон нешто друго. Тоа е пракса и во приватните компании ако имате именувана функција. Ова денеска го рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Димитар Ковачевски на прашaњето дали смета дека треба да се укине законската одредба според која функционерите можат да земаат апанажа, односно паричен надомест што би го добивале по нивното заминување од функцијата.

„Не би сакал да давам популистички изјави дека нешто не треба да се прави, затоа што таа се однесува на многу избрани и именувани функционери. Има луѓе што седат четири години во Парламент и после тоа ако не се веќе дел од Парламентот треба да направат трансфер на својата кариера во некоја друга област“,

вели Ковачевски.
На новинарската констатација дека ако не побарал апанажа, немал да ја добие, односно дека Ковачевски побарал ваков надоместок, тој посочи дека опозицијата постојано го обвинувала дека имал свои фирми и компании, но дека сето тоа било лага.

„Бев обвинуван дека сум имал свои компании, свои фирми. Тоа опозицијата постојано го истакнуваше. Но, се потврди дека јас немам свои компании и свои бизниси. И со ова само се потврди тоа“,рече тој.

На новинарското прашање дали му е незгодно што побарал апанажа, Ковачевски вели дека тоа е законско решение, кое треба да се почитува, исто како што тој ги почитувал законите додека бил на функцијата.

„Јас бев претседател на Владата во едно исклучително тешко време. Својата функција ја обавував согласно Законот на Република Северна и согласно Законот на Влада и согласно Законот за избори поднесов оставка. Сите одлуки кои се носени после тоа во однос на примањата на функционери кои извршувале такви функции се направени согласно законот. Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите и токму како резултат на законите коишто се почитуваат имаме зголемување на просечната и минималната плата во односно на 2016 и 2017 година. Тоа не се коментира, тоа е законско решение“,
рече тој.

Според него, не е точна констатацијата дека дека секој носител на функција кога ќе поднесе оставка, нема право на таа обврска.

„Мандатот на претседател на Влада и на членови на Влада завршува на сто дена пред избори, што значи било кој министер и претседател на Влада, согласно законот е поднесена оставката. Оставката е заради исполнување на законската обврска мандатот на престане на 100 дена од одржување на изборите. Со тоа завршува мандатот. Било кој да бил претседател на владата, неговиот мандат завршува на сто дена пред избори согласно Законон за Влада и Закон за избори“,

објасни Ковачевски.
Собраниската Комисија за избори и именување во Собранието ги прифатила барањата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во наредните 12 месеци да го искористат функционерското право на апанажа. Така, во следната година тие ќе добиваат наместок во висина на платите кои ги зимале кога биле на функциите, односно по околу 2 500 евра.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Back to top button
Close