Ковачевски на средба со Санчез: Северна Македонија единствено со СДСМ има извесна европска иднина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски на вториот ден од посета на Рим по повод учеството на Изборниот конгрес на ПЕС, оствари средба со лидерот на шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и премиер на Кралството Шпанија, Педро Санчез.

 

 

-Соговорниците ја потврдија важноста од негување на социјалдемократските вредности како темел на демократските општества, кои придонесуваат во економскиот и социјален развој на европскиот континент, информира прес-службата на СДСМ.

 

На средбата, стои во соопштението, беше потенцирано дека социјалдемократските прогресивни политики треба да продолжат и понатаму, земајќи го предвид претстојниот изборен период во Северна Макеоднија и во Европската Унија.

 

Ковачевски истакнал дека, како што стои во соопштението, само со СДСМ, Северна Македонија има јасна перспектива за европска интеграција, односно за воведување на европски стандарди и вредности.

– Ковачевски истакна дека со Владата на СДСМ, во Северна Македонија се зацврсти демократијата, владеењето на правото, дека се постигна напредок во реформата на правосудниот систем и се разви цврста пазарна економија. Посочи дека директен резултат на овие политики на СДСМ, беше исполнувањето на стратегиската цел членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ. Ковачевски потврди дека со таквите политики државата покажа дека е на страната на мирот, стабилноста, добрососедските односи и економски раст и развој на државата. Ваквата политика на СДСМ обезбеди подобар живот за сите граѓани во државата, истакна Ковачевски на средбата, се наведува во соопштението.

СДСМ информира дека Санчез на средбата оценил дека отворањето на преговорите со ЕУ е од големо значење не само за реформските процеси во државата, туку и за актуелните геополитички и безбедносни околности во регионот и во Европа. – Санчез ја поздрави конструктивноста во партнерството на Северна Македонија со ЕУ во предизвиците предизвикани од воената агресија врз Украина, посочува СДСМ.

Back to top button
Close