Ковачевски: Не можеме постојано да бидеме заложници на самитите на ЕУ

Ние не можеме постојано да бидеме заложници на самитите на Европската Унија за тоа дали ќе има датум или нема да има датум. Подгревање на очекувања како што беше во минатото за тоа што ќе се случи на некој самит не зависи од Северна Македонија.

Тоа исклучиво зависи дали 27-те членки ќе се усогласат и ќе донесат одлука за отпочнување на првата меѓувладина конференција Тоа во моментов зависи од само една земја-членка на ЕУ којашто држи две земји-членки, две кандидатки – Северна Македонија и Албанија на патот за интеграција во Унијата.

Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц кој е во официјална посета на државава

Back to top button
Close