Ковачевски: Нека го усогласат сите 27 земји францускиот предлог, па ќе коментираме

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека како Влада нема да го коментираат францускиот предлог за кревање на ветото и преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ додека земјите-членки на Унијата не го усогласат меѓу себе.

„Ќе се надоврзам на изјавата што ја даде министерот за надворешни работи. Нормално дека Министерството за надворешни работи (МНР) согласно своите надлежности има увид во предлогот и најискусните дипломати и експерти во МНР прават анализи на овие предлог-документи, но нема да го коментираме и нема да биде предмет на дискусија затоа што сè уште не е предлог кој е усогласен од сите земји членки на ЕУ, вклучително и Франција која го дава предлогот. Ние го следиме развојот на настаните во собранието на Бугарија. Ако таму биде усвоен, кога ќе биде доставен до Република Северна Македонија ќе биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно одредбите во законското уредување“ рече Ковачевски по денешниот состанок во коалициските партнери во Владата.

На прашањето дали е прифатливо јазикот во преговарачката рамка да се декларира по пат на еднострани декларации од Македонија и Бугарија, премиерот одговори дека македонскиот јазик мора да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка.

Ковачевски претхно кажа и оти со коалициските партнети ги реафирмиравме позициите дефинирани во резолуцијата усвоена во македонскиот парламент.

 

Back to top button
Close