Ковачевски: Ни треба Закон за здруженија и фондации кој што ќе се базира на германското законодавство

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека на земјава ѝ треба Закон за здруженија и фондации кој што ќе биде направен врз основа на политички консензус на сите партии, заедно со Министерството за правда и експерти.

-Закон кој што ќе се базира на германското законодавство, бидејќи го сметам за едно од најдобрите во тој дел. Во моментов имаме закон кој што важи за секого и нормално дека сите засегнати со тој закон, се задолжени законот да го спроведуваат. Секоја инситуција и секој член на општеството треба да се придружува до важечките закони во општеството, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање во врска со бугарските клубови.

Според последните измени кои беа направени во Собрание врз Законот за здруженија и фондации, бугарските културни центри со контроверзни имиња во земјава имаат рок од три месеци да ги променат називите на здруженијата.

Во меѓувреме, законот е испратен во Венецијанската комисија.

Back to top button
Close