Ковачевски очекува догодина да почне изградба на уште една 10-мегаватна соларна централа во Осломеј

Сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција во Северна Македонија. Пред почнување со градба се фотонапонските централи по пат на јавно-приватно партнерство со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати, а во 2023 година очекувам да почне со градба и уште една 10 мегаватна соларна централа во Осломеј од страна на ЕСМ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски кој присуствуваше на настан по повод новата опрема во АД МЕПСО, истакна дека идниот месец во Собранието треба да се достават неколку закони за стратешки инвестиции во оваа област.

Back to top button
Close