Ковачевски од Битола: Имаме гас за училиштата и болниците, обезбедена е струја за зимската сезона

„Лично јас, но и како влада правиме напори за навремено и доволно снабдување со енергенси. Целиот регион го посетив, разговарав со сите премиери и претседатели на држави и со државнички политики можам да кажам дека обезбедивме гас за училиштата и болниците.

Последна потврда е постигнатиот договор со Република Србија, кој не се иззема од забраната за извоз на природен гас“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Битола. Тој додаде дека преку политиките за добрососедство, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, обезбеден е компресиран гас за потребите на училиштата и болниците во многу градови низ државата.

„Ве уверувам дека струја ќе има доволно и постојано за целиот период од кризата. Нема да биде лесно, но заедно ќе успееме. Владата ја субвенционира цената на електричната енергија за 80 отсто за над 600.000 домаќинства и за над 72.000 компании и тоа ќе продолжи и понатаму.

Покрај тоа, цената на струјата за домаќинствата и натаму е со повластена стапка од пет отсто, наместо 18 отсто како што беше претходно. Тоа почитувани е одговорен, државнички пристап во време на светска економска и енергетска криза“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека ова е дијаметрално различен пристап од тој на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои прават само блокади и блокираат преку 50 закони важни за државата, граѓаните, економијата и енеретиката. „100 милиони евра финансиска поддршка за АД ЕСМ, кочи ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, се кочат и други законски решенија кои значат поддршка за граѓаните.

Не се точни лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе сме ги затворале ТЕЦ Неготино или РЕК Битола, тоа е дел од нивната политичка матрица на постојано ширење невистини. Тие се учени парите од Буџетот да завршуваат во нивните џебови, во нивниот бел дворец“ рече Ковачевски.

Back to top button
Close