Ковачевски од Делчево: Со субвенцијата на струјата за компаниите ќе се стабилизираат цените на прехранбените производи

„Државата ќе ја субвенционира цена на струјата за компаниите од прехранбената индустрија за да се намалат цените на основните прехрамбени производи. Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи, лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото, брашното, млекото, ќе се стабилизираат“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Делчево.

Тој додаде дека се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи и до 10 отсто, бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа.

„Основните и средните јавни училишта и тука во Делчево и низ земјата, ќе добијат поевтина електрична енергија, исто како и јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води. Заедно со мојот тим работиме ден и ноќ за да обезбедиме се што е потребно за граѓаните и државата. Верувам дека заедно ќе успееме“ потенцираше Ковачевски.

Тој додаде дека е максимизирано производството на струја и дека изминатиот период ЕСМ произведува 100 отсто од потребите за целиот регулиран пазар, за сите домаќинства и за сите мали потрошувачи во државата.

Back to top button
Close