Ковачевски од Крушево: Гласањето против не ѝ носи добро на Македонија, само ако гласаме „за“, може да одиме напред

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево порача дека ако идејата за независна македонска држава првпат била реализирана во Крушево, тогаш и идејата за Европска Македонија ќе почне токму од таму благодарение на Македонци, Власи и сите други заедници кои живеат во нашата држава.

– Замислете асномците при првата пречка да се откажеле од својата идеја за македонска држава. Замислете нашите претходници во 90-тите да се откажеа од идејата за независна Македонија. Тоа би било исто како ние да се откажеме од идејата за нашата цел, за европска Македонија, рече Ковачевски

Според него, тоа значи откажување од идејата за подобар живот.

– Затоа СДСМ секогаш била и секогаш ќе биде најсилната партија во Македонија. Партија која не се откажува кога е најтешко, партија која не потклекнува кога се очекуваат тешки одлуки. Сите оние кои мислеле дека ќе не скршат завршиле заборавени од историјата. И затоа никој не треба да помисли ниту на сон дека сега ќе се откажеме, дополни тој.

Ковачевски рече дека се свесни, за, како што наведе „казната во првиот круг на изборите“ и кажа дека пораката е примена.

– Треба да седнеме, да поразговараме за проблемите прво меѓу себе, како што тоа го правиме исто и со граѓаните. И само така ќе можеме да ги оправиме сите грешки и заедно да градиме подобра и по просперитетна иднина за граѓаните, рече тој.

Потенцираше дека резултатот од изборите, не е, како што рече, оној од пред четири дена, туку на 8 мај.

– Знам дека голем број граѓани сѐ уште немаат одлучено кому да му го дадат својот глас. Затоа ги повикувам убаво да размислат кој заслужува да ја води државата. Убаво да размислат дали сакаат да гласаат за или сакаат да гласаат против. Гласањето против не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме за, може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која и тие ќе сакаат да живеат, рече Ковачевски, повикувајќи ги граѓаните да гласаат за кандидатот за претседател Стево Пендаровски и Коалицијата За европска иднина на Парламентарните избори.

Јован Митрески, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5, рече дека не се откажуваат од иднината затоа што мнозинството граѓани, како што кажа, сакаат да ја видат Македонија модерна, развиена, без поделби и без меѓуетнички тензии.

 

Јован Митрески

 

– Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари кои сакаат да нѐ вратат 30 години наназад, да не дозволиме поделеноста на етничка основа да биде наша тема во наредните години, рече тој.

 

Кандидатите нагласија дека ја сфатиле пораката на граѓаните од првиот изборен круг и посочија дека имаат одговорност за иднината на државата.

 

Ко-носителката и министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојческа, истакна дека само СДСМ е партијата која се темели на вистинската социјалдемократска идеја и мисла.

 

– Сите други само манипулираат со социјалдемократските вредности и уште сега се спремни да ги продадат кај десничарската конзерваторска идеологија. Таму другари нема ништо социјалдемократско, туку само желба да се приберат гласовите од вистинските социјалдемократи и тоа не смееме да им го дозволиме, рече таа.

 

Кандидатот за пратеник, Митко Трајчулески, од Крушево порача дека СДСМ ќе се бори, како што рече, за најважната битка, да создаде Европска држава.

 

– Знам дека сѐ уште има граѓани кои се соочуваат со многу проблеми, но, морам и сакам да бидам искрен дека токму обврската да понудиме повеќе и подобро е тоа што нѐ води напред, да продолжиме во вистинскиот правец, рече тој. ар/ев/

Фото: принтскрин

 

 

 

 

ТАГОВИ

избори СДСМ митинг Крушево

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

Апасиев од Штип: На парламентарните избори очекуваме од осум до дванаесет пратеници

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Апасиев од Штип: На парламентарните избори очекуваме од осум до дванаесет пратеници

Касами од Желино: После 8 мај сите жители ќе бидат подеднакво третирани од централната власт

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Касами од Желино: После 8 мај сите жители ќе бидат подеднакво третирани од централната власт

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија

Димитриевски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддршка на претседател

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Димитриевски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддршка на претседател

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија на митинг во Могила

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија на митинг во Могила

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

Одбележана 23-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Одбележана 23-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ

Димитриевски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддршка на претседател

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Димитриевски: Нема договор за коалиција до овој момент, партиското раководство ќе одлучува за поддрш…

Од Слаѓана

19:41, 28 април, 2024

Гаши за МИА: Идниот мандатар мора најпрво да разговара со нас

Гаши за МИА: Идниот манда…

 

Од Лидија

09:34, 28 април, 2024

Кој би можел да ја замени Фон дер Лајен: Драги, Мецола, Лагард, Јоханис, Пленковиќ, Бретон…

Кој би можел да ја замени…

 

Од Сашко

08:20, 28 април, 2024

Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина

Изборната кампања за двој…

 

Од Ангела

07:34, 28 април, 2024

 

 

 

ОСТАНИ ПОВРЗАН

Facebook

Youtube

Twitter

Wiki

Instagram

За Миа

Импресум

Маркетинг

Јавни набавки

Инфо од јавен карактер

Оглас

 

Услови на користење

Изјава за приватност

Политика

ISO Политика

Дописници

Оргинални текстови

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска – Стоиловска. Изработено од Кјуб Системи

 

 

 

 

© 2022 Медиумска информативна агенција

Back to top button
Close