Ковачевски: Одлуката за блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ е „грозоморна”

Ова што го прави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е најнеодговорното нешто што може некој да го направи во услови на постојан раст на цените на реагенсите, во услови на постојан раст на цените на храната и во услови на обединување на сите политички субјекти во Европа околу изнаоѓање на начини за задржување на животниот стандард на граѓаните, оцени вечерва премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот, во гостувањето на емисијата „Клик плус” на ТВ 21, ултимативното барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за предвремени избори, го оцени како нешто најнеодговорно што може некој да го направи во период на најголемата светска економска криза по Втората светска војна.

Тој порача дека бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ нема да и нанесе штета на Владата, туку на граѓаните.

– Не е лидер тој што мисли на личниот рејтинг и кога ќе бидат идните избори. Ова што го прави Мицкоски во услови на најголемата светска криза после Втората светска војна е најнеодговорното нешто, во услови на поскапување на цените на производите, во услови кога гледаме во Европа дека сите се обединуваат за начини за помагање, потенцираше претседателот на Владата.

Тој нагласи дека одлуката за блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ е „грозоморна”.

– Најпрвин кога зборуваме за лидерски концепти, лидери се луѓе кои што носат одлуки и кои што решаваат прашања кои што ги афектираат идните генерации и благосостојбата на граѓаните, како и справувањето со најголемите проблеми со кои тие се соочуваат. Не е лидер тој кој што мисли само на својот личен рејтинг и кој што мисли само на тоа кога ќе бидат наредните избори, нагласи премиерот.

Тој потенцираше дека Мицкоски некому нешто должи или пак нешто ветил и затоа вака се однесува.

– Доколку ги погледнете законите во Собранието, тоа што сега јавно го кажува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ веројатно, заради тоа што некому нешто должи, затоа што ветувал некаде нешто и сега мора да прави блокади. Ако го погледнете Собранието, тоа не е ништо различно од тоа што се случуваше и досега, рече Ковачевски.

Тој истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во последниве две години блокирале десетици важни закони.

– Во изминатите две години во Собранието се блокирани не два, не пет, не 10, не 20 – се блокирани неколку десетици закони кои што се клучни за различни области од живеењето на граѓаните,  порача Ковачевски.

Претседателот на Владата потенцираше дека пратениците не се избрани од партијата, туку од избрани од граѓаните и бојкот практично нема да се нанесе штета на Владата или на самото Собрание, туку тоа ќе нанесе штета на граѓаните.

Ковачевски нагласи дека парламентарното мнозинство е стабилно и актуелната Влада ја поддржуваат поголем број пратеници од претходната, додавајќи тоа е парламентарното мнозинство кое се подготвува за наредната зима во 2022 година, која, како што рече, ќе биде „најтешката зима по Втората Светска војна”.

– Сега можам да кажам дека наредната зима, ќе биде најтешката зима после Втората Светска војна затоа велам дека ова однесување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително неодговорно, вели премиерот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close