Ковачевски: Пензионерите ќе добијат финансиска помош за справување со енергетската криза  

Пензионерите ќе добијат финансиска помош за справување со енергетската криза, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„Денеска можам да најавам дека во светло на енергетската криза и во светло на економската криза предизвикана од енергетската криза, дека веќе работиме исто така и на пакет помош, односно на финансиска помош за пензионерите којашто ќе ја определиме врз основа на анализи и којашто ќе им биде дадена на пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза“, истакна премиерот Ковачевски во изјава за медиумите.

 

 

Back to top button
Close