Ковачевски-Пленковиќ: Европската интеграција е најдобриот механизам за напредок


Актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграција на земјава беа во фокусот на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Блед каде двајцата учествуваат на Бледскиот стратешки форум.

На средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, беше оценето дека европската интеграција е најдобриот механизам за напредок на државата што ќе овозможи стабилна економија, повисок животен стандард и повеќе инвестиции.

Соговорниците разменија мислења околу процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што освен економски придобивки, ќе се обезбеди и стабилност и безбедност на Балканот.

На средбата е потврдено дека Северна Македонија ќе продолжи да добива институционална поддршка од Хрватска во споделување на искуства во процесот на подготовка на пристапните преговори со ЕУ.

Back to top button
Close