Ковачевски: По 3.000 денари во наредните 4 месеци за социјалните случаи и невработените и по 1.500 денари за пензионерите со најмали пензии,
Во наредните 4 месеци, по 3 илјади денари месечно треба да добијат корисниците на социјална помош, помош за попреченост, посебен додаток, нега од друго лице и невработените и оваа мерка опфаќа 42 илјади граѓани и ќе чини над 8 милиони евра. По 1.500 денари во наредните 4 месеци ќе добијат пензионерите кои добиваат пензија до 11.525 денари, а тоа се над 91.600 пензионери. По 750 денари ќе добијат пензионерите со пензии од 11.525 до 14.000 денари, а такви се над 66 илјади пензионери. За оваа мерка се издвоени 12,2 милиони евра, изјави премиерот Ковачевски на денешната прес конференција.
Овие мерки треба да поминат во Собранието
„Очекувам дека сите пратеници, освен Левица, ќе бидат на ниво на задачата и што побрзо ќе ги усвојат овие законски измени“, кажа Ковачевски.