Ковачевски по повод католички Велигден: Да ја славиме и победата над сите предизвици за да излеземе после сите искушенија посилни и подобри

Премиерот Димитар Ковачевски во писмото со честитки по повод празникот Велигден, на д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Северна Македонија и на сите верници на католичката црква во нашата земја, во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник – Велигден.– Со пораката за воскреснувањето – „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – ја славиме и надежта за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда. Со празникот Велигден, ја славиме и победата над сите човечки ситуации на предизвици и искушенија низ кои поминуваме денес за да излеземе после сите искушенија посилни и подобри. Нека е за многу години празникот на Воскресението Христово, се наведува во честитката на Ковачевски.Натаму се истканува дека „со радоста на овој, и на сите идни Велигден да ја негуваме силата за изградба на едно општество за сите, за мирољубива заедница во која се почитуваат верските слободи на сите нејзини граѓани“.-„Христос воскресна! Навистина воскресна!“ Нека е за многу години празникот Велигден за сите верници од Католичката црква!, стои во честитката на премиерот Ковачевски.

Back to top button
Close