Ковачевски: Пратеник снимаше пратеничка во деколте, не знам што ќе ѝ прави на снимката

Премиерот Димитар Ковачевски од собраниската говорница посочи дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој не го именуваше, вчера ја снимал пратеничката Снежана Калеска – Ванчева на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Ова го кажа на седницата за пратенички прашања, од каде што постави прашање и што ќе и прави на снимката.

– Кревањето тензии не одговара на никого. Свесен е народот за деструкцијата која произлегува единствено во опозицијата. Само снимките ако се погледнат од вчерашниот ден, на кои претседателката на Законодавно-правната комисија од пратеник, кој во моментов ми се смее, со мобилен телефон ја снима на 15 сантиметри од нејзиното деколте. Не знам што ќе ѝ прав
и на таа снимка – кажа Ковачевски

Расправата во салата била тензична дотаму што, пратеникот Бајрам Кадрија од ДУИ го држи и штити микрофонот на кој зборува Калеска-Ванчева, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го исклучат за да не се прогласи крај на седницата, бидејќи според нив, таа не била ниту започната.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close