Ковачевски: Предлогот е напишан во Скопје и е европски, ги отфрлам сите наративи дека тој е под бугарски диктат!

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во своето обраќање пред пратениците во Собранието, а по повод седницата за уставни измени, порача дека предлогот е напишан тука во Скопје.

Според него, тој е европски и со тоа ги отфрла сите наративи дека тој е под бугарски диктат.

„Ова е наш македонски предлог, поддржан од ЕУ и нашиот стратешки партнер САД. За само една година поддршката за нас драстично се зголеми, ако за момент ја погледнеме вистината во очи ќе видиме дека на македонски јазик се пишува во Брисел, а во Берлин се потврди нашата историја. За прв пат се потпиша договор на македонски јазик со Фронтекст“, изјави Ковачевски

Back to top button
Close