Ковачевски: Првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19 јули во Брисел.

Откако Собранието ги изгласа заклучоците за францускиот предлог, Владата на седница попладнево го одобри предлогот на француското претседателство.

„Донесовме одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни. Со оваа одлука го почнуваме процесот на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Со оваа владина седница заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“ рече премиерот Димитар Ковачевски кој одлуката ја соопшти на прес-конференција со останатите членови на Владата.

Тој најави дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи веќе во вторник на 19 јули во Брисел.

„Денес ја имам честа да го најавам датумот за првата меѓувладина конференција која треба да се одржи на 19 јули во Брисел. Потоа, Европа ќе биде во Скопје, а Република Северна Македонија во Брисел со полн капацитет, пристап кон фондови, знаења, вистински принципи и најважно, вредности кон кои се стремиме и ги посакуваме и сето тоа врз основа на нашата национална и државна засебноста, историја и идентитет кој ќе се гледа во сите европски центри“ рече премиерот повикувајќи на заедништво

Back to top button
Close