Ковачевски: Се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз по што јавноста ќе биде информирана.

Тоа е договорот од времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи прави соодветна информација и анализа за овој случај и штом таа биде готова, ќе биде  доставена до Владата и до медиумите, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата во Куманово.

Претходно, на прес-конференција во Владата советникот за енергетика Виктор Андонов потврди дека пресудата е пристигната во Владата пред два-три дена и дека во тек е нејзина анализа.

Адвокаткиот тим, кој е ангажиран од Владата и не застапува, а тоа е „Дехерт“ од Франција, ја разгледува и ја анализира пресудата. По завршување на тој процес, заедно со Координативното тело кое е задолжено за арбитражните постапки, ќе и предложат на Владата соодветни чекори што ќе се преземат во однос на објавувањето на пресудата, рече Андонов.

Back to top button
Close