Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

„Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува. На листата производи со гарантирана цена влегуваат и пијалоците. Донесовме и нова одлука за намалување на маржата за овошјето и зеленчукот, па дополнително ќе се намали цената на овие производи до 30%“ рече премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на денешната прес-конференција.

Ковачевски рече и дека е донесена на владина седница одлука за највисока трговска маржа до 10% на големо и 15% на мало. Гарантираната цена ќе важи до 30 ноември.

„Ќе успееме да ја стабилизираме инфлацијата до крајот на годината. Со септемвриските покачувања од 10% на платите, очекуваме двоцифрената инфлација да падне на 8%, а на храната да падне до 5%“ рече премиерот.

Владата, според него, е во дијалог со засегнатите.

„Ниту една криза нема да не поколеба“ потенцираше Ковачевски

Back to top button
Close