Ковачевски: Се радувам на дуелот со Мицкоски, конечно ќе ги соочиме ставовите за клучните прашања за државата
Експремиерот и актуелен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вели дека се радува за најавениот телевизиски дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бидејќи, како што вели, граѓаните конечно ќе може да се чујат кој каков став има по однос на најважните прашања за државата.
„Добро е кандидатите за врвни носители на функции во државата, функцијата пратеник или иден премиер на државата е врвна, треба пред граѓаните да ги презентираат своите програми, своите ставови и одговори на клучните прашања за иднината на државата“,
Неговите ставови по однос на овие прашања, како што рече Ковачевски, веќе се познати, но изрази очекување дека в среда (3 април), за кога е закажано телевизиското соочување, ќе може да се слушнат и ставовите на Мицкоски по однос на евроинтеграциите на земјава, односите со соседите, внатрешните односи во државата.
Телевизиското соочување меѓу актуелните лидери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, е најавено за в среда, 3 април, на Телевизија Канал 5.
По однос на очекувањата од ТВ-дуелот, денеска и Христијан Мицкоски изрази очекување оти тој ќе биде прилика за соочување на ставовите по однос на иднината на земјава во следните децении.
„Седум години се навршуваат од оваа Влада на СДСМ и ДУИ, која покажа се, само не, државотворност, сериозност и план за просперитетна иднина. На тој дуел очекувам да презентираме како ја гледаме Македонија во следните децении. Барем јас така ќе настапам. И посакувам успешен дуел кој ќе го привлече вниманието на граѓаните и ќе даде одговор на многу прашања кои граѓаните досега немале можност да ги слушнат“,изјави Мицкоски на прес-конференцијата по презентирањето на коалицијата „Твоја Македонија“.