Ковачевски: Седницата за реконструкција на Владата можеше да трае и покусо ако не беа бесмислените говори од опозицијата


Реконструкцијата на Владата ќе придонесе за поефикасна работа на Собранието, а седницата можеше да трае покусо ако не беа говорите од опозицијата во кои се говореше за се освен за самата реконструкција, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
-Реконструкцијата е на располагање на секој премиер и на секоја Влада и јас го направив тоа согласно закон и согласно Устав. Тоа што опозицијата преку бесмислени говори пријавени во реконструкцијата го прават, иако имаат право демократско да го прават, меѓутоа таму за се се зборува, освен за реконструкција, сметам дека дискусиите можеа да бидат и пократки и поконзистентни и реконструкцијата да заврши побрзо, рече Ковачевски на новинарско прашање дали вредеше реконструкцијата на Владата со 11-дневната дебата во Собранието која чини 605 000 евра пари на граѓаните, а со која парламентарното мнозинство се зголеми за само еден пратеник.

Тој додаде дека она што се потврдило, а го кажал и во експозето и при изборот на министрите и на замениците министри, е дека реконструкцијата не е водена од лични, персонални или теснопартиски интереси е продолжение на она што веќе го кажал во септември и во декември, а тоа е дека оваа Влада е отворена за сите политички партии, поединци и институции и организации кои сакаат да придонесат Република Северна Македонија што побрзо да чекори кон полноправно членство во ЕУ,

-Сметам дека АА направи добар и позитивен чекор со тоа што се придружи кон Владата. Мнозинството е 65 пратеници, тоа е поголемо од тоа што беше претходно и ќе овозможи побрзо и поефикасно работење на Собранието како на носење законски решенија кои што се значајни за продолжување на европскиот пат, меѓутоа исто така и на носење законски решенија кои што значат реформи во сите важни сектори во државата, вклучително во економијата, енергетиката, во европските интеграции како и во другите области, порача премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција на која заедно со министерот за економија ја образложија одлуката на Владата за укинување на субвенционираната струја за прехранбената индустрија и за замрзнување на цената на лебот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close