Ковачевски со владина делегација заминува за Лондон на Инвестициски самит на ЕБОР

Премиерот Димитар Ковачевски од денеска во наредните два дека ќе ја предводи владината делегација која ќе присуствува на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан којашто ќе се одржи во Лондон, најавија од Владата.

„За време на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан којшто ќе се одржи во Лондон, премиерот Ковачевски е предвидено да се сретне и со високи претставници на ЕУ, како и да оствари повеќе билатерални средби со лидерите на земјите од Западен Балкан. Како дел од агендата на самитот, премиерот Ковачевски, заедно со лидерите на земјите од Западен Балкан учесници на самитот на ЕБОР, ќе одржи средба со премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон -велат од Владата додавајќи дека предвидени се и други средби во организација на британското МНР.

Во делегацијата со Ковачевски, се и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Покрај учеството на пленарната сесија на самитот со која ќе претседава претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, ќе остварат и повеќе други работни средби со високи претставници на банката – посочуваат од Владата.

 

 

Back to top button
Close