Ковачевски: Со закани и уценувања нема средба

И премиерот Димитар Ковачевски ја услови лидерската средба со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој тврди дека со закани и уценувања нема да има лидерска средба. Само за теми од стратешко значење, може двајцата да седнат на маса.

„Неодговорно е да се бојкотира Собрание, во време на војна и кризи, во време кога цените на енергенсите постојано растат, кога не може да се обезбеди транспорт на жито во Украина. Во вакви услови да барате предвремени е неодговорно и е за политички цели. Лидерска средба за стратешки прашања и подобар живот на граѓаните, справување со енергетската криза може да има. Лидерска средба за претење (закани) и уценувања, а претседателот на опозицијата одбројува како во акционен филм – нема да има. Дека постои комуникација меѓу сите партии – постои“, порача Ковачевски.

Тој на прашање дали Владата ќе понесе одговорност доколку не биде решено прашњето со Бугарија, одговори дека нема рокови, а тоа би значело дека нема ниту зошто да понесат одговорност.

„Кога зборуваме за успех на одредени преговори, треба да се знае дека кога преговараат две страни, треба да се договорат две страни. Јас уште првиот ден кажав дека преговорите треба да се водат врз баз на европски вредности, да се почитуваат вредностите. Доколку не се дојде до решение, тие разговори ќе продолжат. Јас кажав дека за датуми не се врзувам. Јас не кажав дека има рок во кој треба да се постигне решение. Проширувањето на ЕУ не е само економско и политичко прашање туку и геостратешко прашање“, додаде Ковачвески.

 

 

Back to top button
Close