Ковачевски: Сопругата е родена во Крива Паланка, не знам за нејзините прадедовци

Не знам зошто би било од интерес потеклото на мојата сопруга. Таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка. Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово, нашите деца се родени во Скопје. Сите ние поседуваме лични документи на Република Северна Македонија, изјави премиерот Димитар Ковачевски откако бугарски медиум објави дека Елена Ковачевска, сопругата на актуелниот премиер е Бугарка.

-Во однос на претците не можам да коментирам во такви детали, да зборувам за прадедовци и чукун дедовци, не било тоа никогаш тема на разговор, дополни Ковачевски.

Во текот на вчерашниот ден во редакцискиот мејл на бугарскиот весник „Труд“ пристигнала копија од документ според кој Елена Ковачевска, сопругата на актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски, е Бугарка. Консултациите со луѓе кои детално го знаат процесот на стекнување бугарско државјанство, покажал дека документот ги содржи сите потребни атрибути за да биде вистинито, пишува „Труд“. Според неговата содржина, таткото и дедото на Елена Ковачевска – Митко Станојковски и Станојко Станојковски се Бугари, родени во општина Босилеград, денешна Република Србија.

Весникот пишува за босилеградскиот регион кој бил отцепен од Бугарија и окупиран од Србија, односно дека во Југославија Бугарите биле асимилирани и преселени во денешна Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close