Ковачевски: Средбата меѓу Гаши и Заев е пријателска, меѓу луѓе кои соработувале во рамки на Владата

 

Како пријателска средба меѓу луѓе кои соработувале, во рамки на владата ја оцени премиерот Димитар Ковачевски средбата меѓу неговиот претходник Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

– Тоа е пријателска средба на луѓе кои соработувале како дел од Владата и нормално е луѓе кои се пријатели меѓу себе да имаат средби. Тоа е исто како што јас сум имал средби кога не сум бил премиер, како што имам средби сега додека сум премиер и како што ќе имам средби понатаму во мојата кариера, изјави денеска Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на седница на Економско-социјалниот совет.

Back to top button
Close