Ковачевски : Струјата во Клиничкиот центар нема да биде исклучена

Премиерот Димитар Ковачевски денеска порача дека струјата во Клиничкиот центар нема да биде исклучена. Ова следува откако утрово ЕВН ја исклучи електричната енергија во депо и објект на Македонски Железници-Транспорт поради неисплатен долг кон компанијата.

Клинички нема да биде исклучен. Струјата во МЖ е вратена, рече премиерот.

Тој истакна дека Владата предвиде средства и штом Собранието ќе ја направи прераспределбата на средствата во Буџетот, ќе се платат сметките на должниците.

-Штом биде одобрена, веднаш ќе се платат сметките од страна на Владата. Се надевам на експидитивност на пратениците за одобрување на финансиски средства, кажа Ковачевски на прес-конференција.

Вкупниот долг на државните и јавни институции за струја е над 40 милиони евра.

Back to top button
Close