Ковачевски утре на средба со Села за францускиот предлог


Продолжува широката консултација за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. За утре е најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, потврдуваат од Владата за МИА.

Средбата ќе се одржи во Клубот на пратениците од 11 часот.

Премиерот Ковачевски денеска потврди дека имал телефонски разговор со Села и дека најверојатно утре ќе му биде презентиран францускиот предлог.

– Остана за консултација уште дел, јас утрово имав телефонски разговор со Зијадин Села, најверојатно утре ќе се видиме со вицепремиерот за европски прашања да му биде претставен, објаснет во сите делови, изјави Ковачевски по денешната средба со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кого ваквиот предлог е неприфатлив.

Во петокот, Ковачевски имаше средба со коалициските партнери во Владата. Дел од нив веќе изразија позитивни ставови во однос на предлогот, а дел се очекува тоа да го сторат во следнииот период.

Францускиот предлог денеска беше разгледан и од страна на Советот за безбедност кој го свикува претседателот на државата Стево Пендаровски, кој по седницата изјави дека францускиот предлог е прифатлив. Со прифаќањето на предлогот, како што наведе, ја креваме бугарската блокада која трае повеќе од две години и се дозволува формално отворање на преговорите после 17 години чекање. Се овозможува скрининг процес, што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите – поглавја и она што е најважно, како што истакна, е што со ништо не го поткопува македонскиот идентитет затоа што темелната одреденица за македонскиот ја

Back to top button
Close