Ковачевски: Влегуваме во нов почеток фокусирани на подобрување на животниот стандард

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски, во новогодишното обраќање до граѓаните најавува дека во 2022 тој и неговиот тим „мотивирано влегуваат во нов почеток“ и дека ќе работат на подобрување на животниот стандард.

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на влада, Димитар Ковачевски

„2022 година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред се економски план. Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Минималната плата мора да продолжи да расте, а со неа ќе растат и просечната плата, пензиите, додека невработеноста и натаму ќе опаѓа. Тоа ќе го постигнеме со одговорна и посветена работа, заедно со мојот тим и заедно со вас граѓаните – порачува Ковачевски.

Новиот лидер на СДСМ и тазе мандатар уверува дека иднината на земјата е во ЕУ и дека нема да се откаже од тој стремеж. Вели дека ќе работи за исполнување на оваа стратешка цел.

Back to top button
Close