Ковачевски: Вложивме многу труд и донесовме тешки одлуки, но ја знаеме целта – НАТО и ЕУ „

Конечно после 17 години гордо можеме да кажеме дека сме земја која ги започна преговорите со ЕУ. Вложивме многу труд за да стигнеме до оваа фаза. Имавме многу предизвици, требаше да се носат тешки одлуки. Но, истовремено знаевме која е целта – НАТО И ЕУ, две стратешки цели кои сме должни да ги исполниме“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во средбата со претседателите на партиите. Тој додаде дека земјава последните пет години направи крупни чекори и успеа да се докаже како достоен НАТО и ЕУ партнер.

Еден од тие чекори беше и Европскиот предлог кој го добивме летово, за време на француското претседателство. Свесни за сите негови предности и слабости го препознавме како можност за деблокирање на процесот и придвижување напред. И самите бевте сведоци, го усвоивме во Собранието во атмосфера на тешка седница, тензии и недоверба“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека заклучоците донесени во Собранието гарантираат почеток на преговорите со ЕУ и скрининг процесот со гарантиран јазик и идентитет и гаранција дека историските прашања се надвор од преговарачката рамка

. „Отворањето на преговорите е огромен успех за сите нас. Процесот е конечно започнат и сега е важно да напредуваме во реформите, заради граѓаните и заради градење на европски институции кои ќе работат по европски стандарди и принципи. Низ преговорите ќе ни се отвараат повеќе фондови, а на долг рок – бенефитот ќе го имаат нашите граѓани“ рече Ковачевски.

Back to top button
Close