Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ требаше да се извини за 27-ми април, наместо извинување гледаме наградување

Во своето обраќање на денешната седница за пратенички прашања, премиерот Димитар Ковачевски порача дека тој денеска очекувал некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се извини за 27 април, но на крајот не само што нема извинување од опозициската партија туку има и наградување на лицата кои го сториле насилството.

„Очекував дека на денешниот ден, 27 април некој од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да стане и конечно да се извини за најгрозоморниот чин што се има случено во ова Собрание, кога на најкрвав начин беа тепани пратеници и други службеници во Собранието, само со цел да се задржи власта. Меѓутоа, еве шест години по ред извинувања нема, но напротив, од страна на ВМРО-ДПМНЕ има наградување со финансиски средства од буџетот на оние кои го извршија тој чин“ порача Ковачевски.

Back to top button
Close