Ковачевски во Истанбул ги прочита Симболот на верата и Оче наш

Во Соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул денеска вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви.

На премиерот Димитар Ковачевски му беше укажана чест да ги прочита молитвите Симболот на верата и Оче наш, денеска во црквата „Св. Георгиј Победоносец“ во Фанар, Истанбул, каде се одржува прва заедничка литургија на Вселенската патријаршија и Охридската архиепископија.

Back to top button
Close