Ковачевски: Во оваа влада има капацитет, не е време за широка коалиција

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски кажа дека не е време за формирање на широка коалиција или експертска Влада.

„Политичките партии без разлика дали се на власт или опозиција, треба да дадат максимум во соочување на државата со енергетската и економската криза. Тоа не значи создавање на широка коалиција или формирање на експертска Влада. Оваа Влада има легитимитет и капацитет за да се соочи со предизвиците“, вели Ковачевски.

Претходно пратеникот Павле Трајанов кажа дека треба да се размислува за создавање на широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите политички партии.

 

Back to top button
Close