Ковачевски во присуство на Брнз се слушна со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот во овие клучни моменти

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговарал со советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет, во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, соопшти владината прес-служба.

Оттаму велат дека Ковачевски изразил огромна благодарност до Стејт департментот и рекол дека високо ја цени поддршка и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата.

„Премиерот Ковачевски исто така го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го започна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадност кон прогресивниот свет кои за нас немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет“,се вели во соопштението.
Претходно вечерва, Владата соопшти дека премиерот Ковачевски и министерсот за надворешни работи одржале средби со дипломатскиот кор во земјава, како и со претставници на граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари.
Средбите се дел од најавената широка консултација која започна веднаш по денешното обелоденување на францускиот предлог.
 

Back to top button
Close