Ковачевски: Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни 4,5 минимални плати за една потрошувачка кошничка, сега се потребни двојно помалку

За една потрошувачка кошничка во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни четири и пол минимални плати, а сега за една потрошувачка кошничка на граѓаните им се потребни 2,1 минимална плата.

Ова во вечерашното гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител го изјави премиерот Димитар Ковачевски кој порача дека стандардот на работниците кои работат за минималец е двојно зголемен.

„Јас сум човек којшто секогаш сака да ги унапредува работите, а со ова се потврдува дека е унапредено во однос на она што сме го имале пред шест години. Четири и пол минимални плати биле потребни за една потрошувачка кошничка во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а сега се потребни 2,1 минимална плата. Подобар показател од тоа – нема“,

рече Ковачевски и додаде дека од статистиката и од фактите не може да се побегне.

Ковачевски изрази задоволство што решенијата за усогласување на минималната плата даваат резултати и што со мартовската исплата минималецот ќе изнесува 20 175 денари.

Прашан како ги коментира пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), според кои, на едно четиричлено семејство само за храна и пијалаци му требаат 20 илјади месечно, но и дека за една година потрошувачката кошничка е зголемена за речиси 15 000 денари, премиерот нагласи дека во пресметките на ССМ е направен превид.

Back to top button
Close