Ковачевски во вторник ќе патува за Абу Даби на состаноци со инвестициски фондови

Премиерот Димитар Ковачевски во вторник патува за Абу Даби каде, како што информира вечерва во интервју за „360 степени”, веќе се закажани состаноци со сериозни инвестициски фондови.

Ковачевски вели дека контактите и подготовката на состаноците тече во текот на изминатите неколку месеци.

– Се работи за навистина сериозни инвестициски фондови. За државата е подобро да се отиде да се разговара со тие инвестициски фондови со оглед на тоа дека веќе има држави кои обезбедија поповолно финансирање од она што се нуди тука во Европа токму од таа дестинација кадешто одиме, појасни Ковачевски.

Владината делегација, што ќе ја предводи тој, како што рече, ќе биде составена од министерот за финансии, министерот за земјоделство и министерот за транспорт и врски. Прашан колкумина ќе брои делегацијата во Абу Даби освен министрите, Ковачевски рече дека со него ќе патуваат уште две лица.

– Со мене ќе оди еден од обезбедување, може да има еден кабинетски службеник и тука завршува целата моја делегација. Нема ни потреба од повеќе, вели премиерот.

Ковачевски рече дека владината делагација во Абу Даби веќе има закажано состаноци со четири инвестициски фондови за да се презентира можната еврообврзница за идната година. Тој додаде дека целта е да се обезбедат каматни услови за финансирање на државата по поповолни услови од она што го има на мултилатералните финасиски пазари

Back to top button
Close