Ковачевски во Жупа: Граѓаните знаат да изберат победнички концепт

 Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва престојува во Центар Жупа, каде голем број граѓани ја слават победата на Аријан Ибраим, предложен од ТДП а поддржан од СДСМ.

-Јас заедно со граѓаните овде дојдов да ја честитам победата на градоначалникот Аријан Ибраим. Се потврди дека граѓаните знаат да изберат победнички концепт, концептот којшто го претставува владината коалиција. Тешко беа поразени оние сили кои што сакаа да не се избере градоначалник во Центар Жупа. Граѓаните уште еднаш докажаа дека знаат каде треба да се движи државата, дека знаат што е добро за државата и заедно со Аријан Ибраим оваа општина ќе продолжи да се развива. Сакам на сите граѓани уште еднаш да им го честитам изборот на градоначалникот и да им посакам многу успех и развој на општината, порача Ковачевски.

Тој додаде дека градоначалникот и владината коалиција имаат многу помогнато досега за оваа општина.

– Она што е предвидено во програмата која Аријан Ибраим ја има презентирано пред граѓаните ќе биде реализирано и она што јас како премиер можам да потврдам дека патот до Коџаџик и патот до Праленик ќе бидат поддржани од Владата. Проектите веќе се направени и ќе бидат направени во текот на идниот период, додаде тој.

Тој зборуваше и за општина Маврово и Ростуше, каде исто така денеска се одржаа повторени избори, но каде за разлика од Центар Жупа таму има двајца канддадти.

– Вие имавте можност да видите дека во текот на изминатите 20-ина дена јас бев многу присутен во сите населени места и во општината Маврово-Ростуше и во општината Тетово, како и во општината Центар Жупа. Нормално дека денес имавме во сите општини еден демократски ден каде што низ демократска атмосфера граѓаните ќе изберат градоначалник, односно извесно избраа градоначалник на Центар Жупа – Аријан Ибраим, а јас очекувам победа на СДСМ и на коалицијата исто така и во Маврово-Ростуше, но да почекаме на официјалните резултати и резултат одличен на владејачката коалиција за советничките избори во Тетово, рече Ковачевски.

Старо новиот градоначалник рече дека ова била трета среќа за општината.

-Со оглед дека трети пат имавме избори нашата парола беше прво за доброто на нашата општина да излеземе да гласаме. Самиот цензус, самата излезност покажува дека во тоа успавме, дека нашиот народ ја сака општина Центар Жупа. Второто беше да упатиме порака дека изборите во нашата општина во погрешно време се прават, дека во август секогаш ќе бидеме тука и секогаш не има тука. Многу повеќе од пописот и од други податоци што се. Денеска нашата бројка покажува дека околу 4.000 е излезеност, а ако имавме и против кандат се надевам дека таа бројка ќе беше пет или шест и третото е дека од Турската демократска партија и како коалиција да продолжиме со проектите за доброто на нашиот народ. Денес победи Жупа, рече Ибрам.

Тој одговори на прашањето што ќе стори за да се задржат младите во општината.

-Тоа е стара болест која потекнува дури од комунизмот до денес. Со погрешните политики во минатото тоа не може да се поправи со една година или две, или со еден мандат или два или со месеци. Ние напорно работиме. Сепак економската разлика што постои во Европа и тука точно тоа што ние и нашата Владата што сега се залага за Европа е показателот – ако ние не се избедначите со Европа тешко нас. Уште ќе одиме, рече Ибраим го скажа голема благодарснот до сите.

Лидерот на ТДП рече дека Ибраим се докажал како градоначакник и претходно и оти со него на чеко ќе продолжат успешните шрокети и Жупа ќе биде пример за една од најдобрите рурални опшштин. 

Back to top button
Close