Ковачевски: За да ја намалиме корупцијата треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ

Корупцијата е нешто што е присутно во нашата држава, нема држава во која нема корупција. Таа е особено изразена во државите кои поминаа процес на транзиција. Еден од начините за намалување на корупцијата е продолжување на преговорите со Европската Унија, рече лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостување на утринската програма на „Слободен печат“.

Тој порача дека е потребно држава што ќе ја изградиме да биде по правилата на ЕУ.

– Тоа не е лесен пат, меѓутоа најдобро е тој пат да го изодиме заедно со Унијата, низ процесот на преговори. Нашата програма ќе содржи конкретни мерки во делот на корупцијата и владеење на правото, додаде Ковачевски и порача дека „борбата против корупција треба да ја направат заедно со граѓаните, земајќи ги предвид сите забелешки од оценските мисии и имплементирајќи ги најдобрите европски практики“.

Ковачевски смета дека власта не треба да има никакво влијание врз судството и треба да се спречи преку соодветни мерки мешањето и на политичарите во судската власт, но и на дел од бизнис заедницата и дел од криминалното подземје кое е инфилтрирано во голем дел од институциите

Back to top button
Close