Ковачевски: За предлогот да биде прифатлив за нас клучни се чиста формулација за јазикот и јасна заштита на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.

„Во врска со јавната дискусија околу францускиот предлог, би сакал уште еднаш да потврдам дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки“, пишува тој.

Премиерот додава дека каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, за истиот да биде прифатлив, клучни се следниве елементи:

  • Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;
  • Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;
  • Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;
  • Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;
  • Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

Back to top button
Close