Ковачевски за Тупанчевски: Од вицепремиерката Грковска очекувам извештај во однос на етичкиот кодекс и препорачани мерки

Министерот за правда, Никола Тупанчески веднаш ќе беше разрешен доколку се утврдеше оти патувањето на фудбалскиот натпревар во Палермо е финансиран од Министерството за правда.

Ова, во синоќешното интервју за „360 степени“ го кажа премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали Никола Тупанчески треба и натаму да остане министер за правда, а во контекст на случајот со патувањето во Палермо кое предизвика реакции во јавноста.

 

„Она што беше за мене најзначајно е да проверам дали од Министерството за правда се исплаќани какви било средства за тоа патување, дали е користено службено обезбедување и дали се користени било какви ресурси од Министерството за правда за тоа патување. Се потврди дека не е. Доколку се потврдеше спротивното јас ќе барав разрешување на Тупанчески истиот ден – рече премиерот Ковачевски.

За тоа дали патувањето на министерот Тупанчески во Палермо било подарок и кој го платил, Ковачевски посочи оти во однос на другите правни аспекти, побарани се информации од вицепремиерката, Славица Грковска.

„Во однос на другите аспекти кои што се правни аспекти веќе информации има побарано вицепремиерката за добро владеење и откако ќе ги собере сите информации ќе си направи извештај согласно со етичкиот кодекс и препорачани мерки што треба да се направат – додаде Ковачевски во интервјуто на емисијата „360 степени“.

Антикорупциската комисија побара од министерот за правда Никола Тупанчевски, од обвинителката Фатиме Фетаи и прретседателот на Основниот суд во Кавадарци Лазар да одговорат дали на државен трошок биле во Палермо за да го следат натпреварот меѓу Македонија и Италија.

„Не чувствувам потреба дека треба да поднесам оставка бидејќи не е прекршен етичкиот кодекс поради тоа што сум патувал и сум го следел фудбалскиот натпревар Македонија – Италија. Точно е дека летав со авионот на Фудбалската федерација, но авионскиот билет и влезницата за мечот во Палермо сам си го платив – вели Тупанчевски во интервјуто за „Трилинг“.

 

 

Back to top button
Close