Ковачевски задоволен од министрите на ДУИ: Никогаш не сум ги дедел луѓето на кадри од одредена политичка партија

Мандатарот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција кажа дека е задоволен од работата на министрите од ДУИ.

-Луѓето со кои сум работел никогаш не сум ги дедел на кадри од одредена политичка партија или од одредено време. Секогаш ги вреднувам врз основа на нивните професионални перформанси. Со министрите кои беа дел од владата, а сега се повторно дел од оваа Влада, имав соработка како заменик-министер за финансии и можам да кажам дека лично сум задоволен од перфомансите на министрите од ДУИ кои ги предложив, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува дека кадрите на ДУИ се незаменливи.

 

 

 

Back to top button
Close